Пик Сегед е наредниот противник на Вардар во Лигата на шампионите. Македонскиот првак Вардар од почетокот на сезоната игра во брилијантна форма, по стартното реми со Мешков Брест, во СЕХА лигата, тимот на Раул Гонзалес има серија од десет победи.
„Треба да го искористиме моментот во кој се наоѓаме, да ја искористиме нашата добра форма. Пред себе имаме добар противник кој има и квалитет и искуство, добар тренер. играат добар ракомет и поради тоа мора да бидеме максимално фокусирани“, рече на прес конференцијата пред натпреварот тренерот на Вардар, Раул Гонзалес.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Гонзалес за мечот со унгарскиот тим на располагање ќе ги има сите играчи, додека на споритвната страна ќе недостига довчерашниот вардарец Сергеј Горобок.