Дома Фудбал Англија Гомеш може да се врати на терените уште оваа сезона

Гомеш може да се врати на терените уште оваа сезона

Менаџерот на Евертон, Марко Силва изјави дека Андре Гомеш ќе може да се врати во игра уште оваа сезона.

Португалскиот репрезентативец претрпе тешка фрактура на десниот глужд после стартот на Сон во мечот против Тотенхем.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Веќе следниот ден Андре Гомеш беше опериран, а клубот информираше дека оперативниот зафат поминал во најдобар ред.

Денес тренерот Марко Силва додатно ги израдува фановите на Евертон, но и сите љубители на фудбалот.

„Не е лесно да се даде сигурен датум за неговото враќање. Сите информации што ги добивам се од медицинскиот тим и тие мислат дека Андре ќе може да се врати на терените уште оваа сезона“, изјави Силва.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Модриќ ги воодушевил сите во Милано, „росонерите“ веќе донеле одлука!

Лука Модриќ (40) брзо ги освои срцата на фановите на Милан и ги натера италијанските медиу…