Украина вчера со гол во последните секунди од натпреварот против Шведска се избори за четвртфинале.
Резултатот во продолженијата беше 1:1 кога Зинчеко му асистираше на Довбик кој со глава постигна гол за победа од 2:1. Во тој момент на семафорот стоееш 120:37.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Тој гол сепак не е постигнат најдоцна во нокаут фазите на ЕП. Рекордот го држи Семих Сентрук во четвртфиналето на Еуро 2008 кога против Хрватска погоди во 121:01.
Сентрук тогаш погоди за изедначување на 1:1 и го одведе натпреварот на пенали каде што Турција ја победи Хрватска.