Фудбалерите на Баерн синоќа во петото коло од групната фаза во ЛШ славеа на Маракана со 0:6 против Црвена Звезда.
На овој натпревар блескаше Роберт Левандовски кој четири пати се запиша во листата на стрелците.
Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Поразот ќе беше уште поубедлив доколку Милан Борјан не беше брилијантен во голот на Звезда со дури десет успешни интервенции.
“Мора да се погледнеме во очи. Не сме ние за ова натпреварување. Мора да бидеме реални. Тешко ми е, затоа што на овие натпревари не играте за пари, играте за грбот и за луѓето кои се на трибините. Мора да излезете и да уживате во теренот” – изјави Борјан, и додаде:
„Не го заслужуваме тоа. Морам да им се извинам на нашите навивачи за големиот пораз.“