Кевин Филипс кој пред 20 години беше најдобар стрелец во Европа со 30 гола во дресот на Сандерленд е убеден деа Лидс многу брзо ќе го продолжи договорот со Езгјан Алиоски.
Алиоски во Лидс дојде во 2017 година од Лугано и брзо стана омилен во клубот и кај навивачите. Филипс во англиските медиуми испрати големи пофалби за македонскиот фудбалер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Од она што можев да го видам во неговиот пристап, на секој клуб му е потребен еден таков играч. Кога влегува од клупата за резерви може да го промени комплетниот тек на мечот, а ако се најде од првата минута на теренот може да донесе „магија“. Најважно е што никогаш не се жали, таков фудбалер му е потребен на секој клуб. Сигурен сум дека многу брзо Лидс ќе го продолжи договорот со Џани“, изјави Филипс.
Дека Алиоски многу брзо ќе потпише нов договор најавуваа и англиските медиуми.