Дома Останати Голем потег на Ѓоковиќ – ќе финансира изградба на детска градинка!

Голем потег на Ѓоковиќ – ќе финансира изградба на детска градинка!

Фондацијата на српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ ќе донира финансиски средсва за иградба на градинка.

Како што беше објавено парите ќе бидат наменети за отварање детска градинка во местото Прњавор во близина на Шапц.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Ова ќе биде прва и единствена установа за сместување и образување на деца од три до шест ипол години во ова место.

Договор за соработка потпишаа денес претставници на фондацијата и градот Шапц. После изградбата на објектот градинката ќе може да прими и до 150 деца од ова и местата во близна.

„Ќе направиме ново игралиште и ќе обезбедиме опрема неопходна за работа до најмладите. Децата ќе се образоваат по најмодерните школски програми, а за воспитувачите ќе бидат организирани семинари и обуки со цел што повеќе да го унапредуваат нивното знаење“, изјави раководителот на Фондацијата Новак Ѓоковиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Првиот ден на Ролан Гарос ќе помине во чест на Рафаел Надал (Фото)

Раководството на Ролан Гарос соопшти дека ќе оддаде посебна чест на живата легенда на овој…