Вредноста на Манчестер Јунајтед на Њујоршката берза падна за неверојатни 629 милиони долари по објавата дека сопствениците, семејството Глејзер, одлучиле да не го продаваат клубот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Катарскиот шеик и британскиот бизнисмен Сер Џим Ретклиф дадоа понуди за купување на Манчестер Јунајтед, но тие не беа прифатени и покрај незадоволството на навивачите и барањето клубот да добие нов сопственик.
Семејството Глејзер на крајот одлучи да го тргне Манчестер Јунајтед од пазарот и воопшто да не чекаат нови понуди, oбјавија медиумите на Островот.
Ваквиот расплет на настаните доведе до вртоглав пад на акциите на гигантот од „Олд Трафорд“.