Уругвајскиот стопер Диего Годин во последно време се поврзуваше со заминување од Интер.
Ќе потсетиме, тој во редовите на Интер дојде минатото лето како слободен играч од Атлетико Мадрид. Во Милано не се снајде баш како што треба и за време на пандемијата многу се шпекулираше за негово заминување. Сепак, тој нема намера да го напушти клубот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Јас сум по малку изненаден од тоа што се пишува дека заминувам од Милано. Од кога дојдов во Интер се чувствувам одлично. Клубот е одличен, навивачите исто така. Чувствувам дека раководството има доверба во мене. Никогаш не сум размислувал за заминување. Дел сум од овој проект. Мојата намера е да го испочитувам договорот и да уживам во оваа авантура во Италија во дресот на Интер“, порача 34 годишниот стопер.
Тој има договор со Интер до летото 2022 година.