Дома Фудбал Англија Го сметаа за најголем талент на Островот, а вчера постигна гол после пауза од – 913 дена (видео)

Го сметаа за најголем талент на Островот, а вчера постигна гол после пауза од – 913 дена (видео)

Некогаш беше сметан за најголем талент на Островот, но потоа се „изгуби“, а вчера постигна гол после – 913 дена!

Во натпреварот од второто коло во Лига Купот Стоук го пречека премиерлигашот Хадерсфилд, а за водство на домаќините во 53 минута погоди Саидо Берахињо. До крајот Жунињо Бакуна ја погоди сопствената мрежа, па Стоук славеше победа од 2:0.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Берахињо последниот гол во официјален натпревар пред вчерашниот го постигна во февруари 2016 година кога како играч на ВБА ја затресе мрежата на Кристал Палас. Од тој момент 25 годишниот напаѓач одигра 48 натпревари во сите натпреварувања и не постигна ниту еден погодок.

Овој напаѓач кариерата ја започна во ВБА, беше испраќан на позајмици во Нортамптон, Брентфорд и Падерборн. Во Стоук премина во 2017 година за 12 милиони фунти (околу 13.2 милиони евра). Иако е роден во Бурунди ги помина сите младински селекции на Англија, но се уште не дебитирал за „А“ тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Несреќа! Палета падна врз познат босански тренер: Во тешка состојба, докторите се борат за неговиот живот

Мирза Ѓапо, некогашен познат фудбалер и сегашен посветен тренер на младинската секција на …