Мехди Бенатија ќе го напушти Јувентус по Мундијалот. Тој е во добри односи со Алегри, но изгледа дека соработката ќе заврши.
А Јувентус веќе пронајде замена за Мароканецот. Еден од најталентираните европски стопери, играчот на Ајакс, Матијас де Лигт би можел да го засили Јувентус ова лето.
Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони
За младиот играч заинтересирани се уште Барселона и Тотенхем, но неговиот агент Мино Раиола го фаворизира Јувентус и му препорачува на младиот играч дека продолжување на неговата кариера во „Старата дама“ ќе биде полн погодок.