Дома Трансфер зона Го сака половина Европа, тој се сели во Лајпциг

Го сака половина Европа, тој се сели во Лајпциг

Играчот за врска на Салцбург, Доминик Собослај е еден од најбараните фудбалери на трансфер пазарот во моментов.

20-годишниот унгарски репрезентативец важи за еден од најголемите таленти во Европа и може да игра на сите позиции во средниот ред, па веќе неколку клубови ја започнаа трката за неговиот потпис.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Многу европски гиганти се борат за неговиот потпис, како Милан, Арсенал, Реал Мадрид, Јувентус и Баерн Минхен.

Собослај има договор со Салцбург до 2025 година и откупна клаузула од 25 милиони евра, сума која нема да биде проблем за споменатите клубови.

Меѓутоа, последните информации од Германија говорат дека Лајпциг е во пол-позиција за неговиот потпис. Двата клуба имаат ист спонзор „Ред Бул“ и наводно веќе го договориле трансферот за јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…