Дома Останати Тенис ГО ОСТАВИ ФЕДЕРЕР ЗАД СЕБЕ: Ѓоковиќ со најголема заработка од турнирите на сите времиња

ГО ОСТАВИ ФЕДЕРЕР ЗАД СЕБЕ: Ѓоковиќ со најголема заработка од турнирите на сите времиња

Новак Ѓоковиќ (31) во 2018 година заработи најмногу пари од турнирите, а во исто време изби на првата позиција по заработката на сите времиња и така го престигна Роџер Федерер.

Српскиот ас одигра брилијантен втор дел на сезоната. Триумфираше на Вимблдон, Синсинати, Ус Опен и Шангај, а играше финале во Париз и Лондон. Заработи вкупно 15.96 милиони долари, скоро двојно повеќе од Федерер (8.62 милиони долари) и Рафаел Надал (8.66 милиони долари).


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Вкупно во кариерата Новак од наградните фондови заработи 125.772 милиони долари, Федерер сега е втор со 120.514 милиони долари, а Надал трет со 103.251 милиони долари.

Ѓоковиќ и Надал наскоро ќе ја отворат новата сезоната. Србинот и Шпанецот ќе бидат учесници на егзибициониот турнир во Абу Даби од 27-ми до 29-ти декември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Вистинско богатство: Познато колку заработил Надал само од големите турнири

Рафаел Надал ја заврши својата спектакуларна тениска кариера, а последниот натпревар го од…