Бразилскиот фудбалер Фелипе Кутињо пред нешто повеќе од една година пристигна во Барселона од Ливерпул како огромно засилување.
Каталонскиот клуб за Кутињо плати огромни 140 милиони евра со што стана еден од најскапите фудбалери на Барселона во историјата. Од Кутињо на „Камп Ноу“ се очекуваше многу, но овој бразилски фудбалер не ги оправда очекувањата и оваа сезона за него е една од најлошите во кариерата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кутињо добро ја започна сезоната и изгледаше дека ќе има добра сезона, меѓутоа подоцна доживеа голем пад во формата. Бразилецот мака мачи со своите настапи во претходните месеци и се почесто е мета на критики на шпанската јавност, но и навивачите на Барселона.
Барселона направи се за да го доведе од Ливерпул, а сега Кутињо е сериозен кандидат да стане едно од најголемите промашувања во историјата на овој клуб. Бразилецот го изгуби местото во првиот тим кое сега цврсто го држи Осман Дембеле, а исто така се шпекулира дека наскоро може да стане резерва и во репрезентацијата на Бразил.
Сето ова влијаеше на неговата цена на пазарот. Барселона како што споменавме плати 140 милиони евра пред нешто повеќе од една година, но сега неговата цена значително падна. Доколку Барселона се одлучи да го продаде Кутињо според гласините најмногу што може да заработи е 100 милиони евра и тоа максимумот, а би можел да замине и за помалку.
Ова значи дека Барса со Кутињо во краток период ќе загуби сигурно 40 милиони евра, а можеби и нешто повеќе.