Дома Фудбал Англија Главниот јунак во драмата на Шекспир беше Шмајхел!

Главниот јунак во драмата на Шекспир беше Шмајхел!

Тренерот на Севилја, Хорхе Сампаоли, ги истакна нереализираните пенали, односно одбраните на Шмајхел како клучен фактор за елиминацијата на неговиот тим од Лигата на шампионите.

„Одлучија промашените пенали. Се можеше да биде поинаку. Се обидевме со промената на изведувачот на пенал, Стивен истапи, но Шмајхел одлично реагираше. Поради тоа останавме без пласман во четвртфиналето“, изјави Сампаоли.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Неговиот колега Крег Шекспир полека се претвора во вистински херој на Лестер, откако под негова команда Лестер има три победи на истот толку натпрвари.

„Ова е неверојатен успех. Играчите треба да бидат горди, што успеавме да оствариме ваков резултат. Бевме фантастични. Малку ја предизвикавме судбината, но сепак покажавме карактер. Планот беше да не им дозволиме да се чувствуваат конфорно и успеавме во тоа. Головите го менуваат текот на натпреварот, а голот на Морган ни дозволи да го контролираме мечот“, изјави Шекспир, кој го посочи Каспер Шмајхел како клучен играч во двата натпревари.

„Кога ни беше најпотребен, беше тука. Одбрани некои неверојатни удари“, заклучи Шекспир.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…