Офанзивниот играч за врска на Баер Леверкузен, Флориан Виртц го привлече вниманието на најголемите клубови на Стариот континент.
Барселона, Реал Мадрид и Баерн Минхен веќе подолго време ги следат настапите на Виртц и сакаат да го донесат во своите редови.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Новинарот Фабрицио Романо открива дека по завршување на сезоната ќе има сериозно наддавање за потписот на 18-годишниот талент.
Виртц има договор со Леверкузен до 2026 година, па поради тоа „фармацевтите“ не брзаат со продажбата. Меѓутоа, германскиот клуб е спремен да го продаде доколку некој клуб испрати примамлива понуда.
Виртц оваа сезона има 10 гола и 13 асистенции во Бундеслигата и важи за еден од најголемите таленти во Европа.
Реал Мадрид сака да ја купи младата германска ѕвезда и да ја остави на позајмица во Леверкузен до јуни 2023 година.