Дома Македонски спорт Гечевски: Не ми е јасно како некој не сака да игра за Македонија

Гечевски: Не ми е јасно како некој не сака да игра за Македонија

Како селекторот Бајиќ и претседателот Антиќ и Тодор Гечевски е разочаран од потегот на Нено Димитриевски.

Гечевски освен што го коментираше потегот на Нено, откри и дека Михаил Наумоски и Дино Боцевски исто така не се појавиле на тренингот иако добиле повик од селекторопт. На Гечевски не му е јасно како некој не сака да игра за својата држава.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Поминав долги години во репрезентацијата, имавме добри моменти, но бевме и на дното. Сум играл во секакви услови, националниот тим секогаш бил светост. Не ми е јасно како може да не сакаш да играш за својата држава и да застанеш пред химната. Зарем не е доволен мотив да се израдува македонскиот народ како ние во 2011?“, емотивно изјави Гечевски.

Македонската јавност добро знае каков борец беше Гечевски на теренот, за Македонија играше и со скршена рака.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Фудбалските надежи на Македонија до 19 години ќе одиграат два натпревари со Словачка

Репрезентацијата на Македонија до 19 години кон средината на април ќе одигра два контролни…