Легендарниот германски фудбалер, Лотар Матеус порача дека Душан Влаховиќ е вистинско решение за нападот на Баерн Минхен.
Баерн Минхен по заминувањето на Роберт Левандовски се мачи со реализацијата, а Матеус смета дека српскиот напаѓач е вистинското решение.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сезонава Баерн дури во последното коло ја обезбеди титулата и тоа само затоа што Борусија не го победи Мајнц.
„Мислам дека Баерн доведуваше фудбалери кои не одговараа на начинот на игра. Каков играч му треба на Баерн? Според мене не успеаа да пронајдат вистински голгетер откако замина Левандовски. Душан Влаховиќ за мене е најдоброто решение“, смета Матеус.
Зборуваше Матеус и за отказите кои ги добија првите оперативци на клубот, Оливер Кан и Хасан Салихамиџиќ.
„Најголемата грешка на Кан е што не успеа сите во клубот да ги убеди во своите идеи. Ако успееше во тоа сите ќе му дадеа поддршка. Салихамиџиќ од друга страна направи кардинална грешка кога пред две години не го задржа Ханси Флик, двајцата не се согласуваа во некои работи“, истакна германската легенда.
Германските медиуми шпекулираа дека Баерн за да го добие Влаховиќ, на Јувентус би можел да му го понуди Садио Мане. (ТУКА).