Ѕвездата на Реал Мадрид, Герет Бејл, е подготвен ова лето да го напушти „кралскиот“ клуб за да се врати во Премиер лигата, пренесуваат медиумите на Островот.
Велшкиот е голема желба на новиот тренер на Баерн Минхен, Нико Ковач, кој во него гледа идеална замена за ветераните Ариен Робен и Франк Рибери, кои се веќе во залезот на своите кариери. Двајцата потпишаа нови договори со тимот од Баварија до крајот на следната година, но јасно е дека за нив мора да се бараат заменици.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Велшкиот репрезентативец сепак бил категоричен дека не сака да го промени Мадрид со Минхен и е подготвен да се врати само во Англија. Најголем интерес кон играчот пројавува Манчестер Јунајтед, а Жозе Мурињо неколку пати јавно даде до знаење дека сака да го има Герет Бејл во својот тим.