Дома Фудбал Англија Генијалниот Ибра му донесе уште една победа на Манчестер Јунајтед

Генијалниот Ибра му донесе уште една победа на Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед го совлада Сандерленд на гости со резултат од 3:0 во рамки на 32-то коло од англиската Премиер лига.

Црвените ѓаволи поведоа после точно половина час игра. Херера му ја додаде топката на Ибрахимовиќ, а Златан се намести и од работа на казнениот простор го матираше Пикфорд со прецизен удар.


Да се биде или не за Данска и Србија! ↓↓↓


На домашните навивачи во 43-та минута им беше јасно дека нивната екипа веќе нема никакви шанси за поволен резултат против Манчестер кога Ларсон невнимателно стартуваше на Херера и судијата Посон му покажа директен црвен картон.

Предноста на играч повеќе Јунајтед ја искористи уште во првата минута од второто полувреме, кога Шо го ангажираше Мхитарјан кој од левата страна го постигна вториот погодок за Ѓаволите. Конечните 3:0 ги постави Рашфорд во 90-та минута, после мајсторската асистенција на Ибра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Србија елиминирана, Словенија во осминафинале

Двата натпревари во Групата Ц завршија без голови, па крајниот исход е таков што Србија ка…