Давид Силва потврди дека на крајот на следната сезона ќе го напушти Манчестер Сити, па „граѓаните“ веќе почнаа да бараат замена за Шпанецот.
Овој 33-годишен фудбалер остави голема трага во Сити и сигурно го запиша своето име во историјата на клубот, откако пристигна пред 9 години од Валенсија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Граѓаните“ веднаш почнаа да бараат замена за него, а Пеп Гвардиола смета дека неговиот сонародник Иско ќе биде идеално решение.
„Марка“ пишува дека Сити веќе го контактирал Реал Мадрид и наводно е подготвен да плати 80 милиони евра за него.
„Кралевите“ не ја затвораат вратата за продажба на Иско, особено после лошата сезоната на Шпанецот и се спремни да ја прифатат понудата.
Наводно и самиот Иско е спремен за нов чекор во кариерата, а Манчестер Сити е прва опција за него.
Pep Guardiola wants Real Madrid star Isco as the replacement for David Silva at Manchester City. (Source: MARCA) pic.twitter.com/jv5e9I1q43
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) June 27, 2019