Манчестер Сити покажува сериозен интерес за ѕвездата на Баерн Минхен и германски репрезентативец, Џошуа Кимих, пренесуваат англиските медиуми.
Кимих има договор со Баерн до 2025 година, а следното лето ќе влезе во последната година и нема најави за негово продолжување.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поради тоа Баерн Минхен е спремен да го продаде на крајот на сезоната и веќе ја одредил цената. „Билд“ пренесува дека за неговата слобода Баварците бараат 75 милиони евра.
Гвардиола одлично го познава Германецот и верува дека идеално ќе се вклопи во неговиот тим.
Поради тоа го посочил Кимих како примарна трансфер цел во летниот преоден рок.
🚨 Manchester City could increase their interest in Joshua Kimmich to strengthen its midfield! 🇩🇪
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) December 28, 2023
(Source: @talkSPORT) pic.twitter.com/lKKn1JJTzk