Манчестер Сити остана без еден од најважните фудбалери, Родри, кој заработи тешка повреда и ќе паузира до крајот на сезоната.
Поради тоа „граѓаните“ веднаш ја почнаа потрагата по негова замена во зимскиот преоден рок, а англиските медиуми пренесуваат дека најголема желба е Мартин Зубименди од Реал Сосиедад.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанецот ова лето го одби Ливерпул, но сега е спремен да се пресели во Премиер лигата и сака да игра за тимот на Гвардиола.
Зубименди има откупна клаузула од 60 милиони евра која Сити е спремен да ја плати.
🚨 Manchester City are eyeing a move for ex-Liverpool target Martin Zubimendi as they scramble around for a Rodri replacement.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) October 9, 2024
(Source: @MirrorFootball) pic.twitter.com/tnLcm5pEHP