Дома Топ вести Гвардиола ја „краде“ големата желба на Реал Мадрид

Гвардиола ја „краде“ големата желба на Реал Мадрид

Манчестер Сити се вклучи во трката за потписот на централниот дефанзивец на Лил, Лени Јоро, пишуваат медиумите на Островот.

Младиот француски дефанзивец важи за еден од најголемите таленти и за него силен интерес покажуваат уште Реал Мадрид и ПСЖ.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Јоро е младински репрезентативец на Франција, а и покрај неговата возраст веќе има речиси 40 натпревари и два гола во Лига 1.

Лил е свесен дека нема да може да го задржи 18-годишниот дефанзивец и е спремен да го продаде на лето.

Реал Мадрид го стави дефанзивецот на врвот на листата желби, но Манчестер Сити е спремен да го „украде“ пред носот на „кралевите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…