Италијанските медиуми пренесуваат дека Манчестер Сити се вклучил во трката по плејмејкерот на Сасуоло, Мануел Локатели.
Локатели кариерата ја започна во Милан, важеше се голем талент, но „росонерите“ не му веруваа и го продадоа на Сасуоло за 10 милиони евра.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Локатели го покажа својот потенцијал во Сасуоло и сега е стандарден член на италијанската репрезентација.
Плејмејкерот е голема желба на Андреа Пирло, кој се обидува да го донесе во Јувентус, но сега доби силна конкуренција.
Манчестер Сити веќе стапил во контакт со неговиот агент и сака да го донесе Италијанецот на „Етихад“, па веќе спремиле понуда од 40 милиони евра.