Дома Фудбал Гвардиола: Стерлинг во Барселона? И да знам нешто не би ви кажал

Гвардиола: Стерлинг во Барселона? И да знам нешто не би ви кажал

Пеп Гвардиола ја искористи репрезентативната пауза за неколку дена одмор во Барселона.

Скоро целото негово семејство живее во Барселона и Гвардиола знаел и претходно слободните денови да ги поминува во овој град. Така е и оваа репрезентативна пауза, медиумите пишуваат дека ја искористил приликата и да разговара со Чави кој вчера беше промовиран во нов тренер на Барселона.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Многу се пишува за заминување на Стерлинг од Манчестер Сити, а Барселона се споменува како негова можна дестинација. Шпанските новинари ја искористија приликата да го прашаат Гвардиола дали Стерлинг би можел да се пресели во Барселона во јануари.

„Стерлинг во Барселона? Искрено не знам ништо за тоа. И да знам сигурно не би ви кажал. Ако Барселона е заинтересирана за некој играч веројатно може да го доведе затоа што скоро секој фудбалер сака да игра таму. Барселона има име и моќ да доведе било кого“, изјави Гвардиола.

Стерлинг во досегашниот дел од сезоната одигра 15 натпревари во сите натпреварувања, постигна два гола и запиша две асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Луис Дијас веќе има договор со Баерн, објави “Билд”

Напаѓачот на Ливерпул, Луис Дијас, постигна договор со Баерн Минхен за личните услови, екс…