Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола даде интересна изјава со која призна дека „граѓаните“ не можат да конкурираат со водечките европски клубови.
Каталонскиот стратег наброи пет тимови, а интересно во нив го вклучи и Манчестер Јунајтед, од кого загуби на последниот меч со 2:1.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Нереално е да го стигнеме Ливерпул, но имаме должност да продолжиме да се бориме. Има уште многу работи за кои треба да се бориме. На нас останува да размислиме како ќе играме во следниот меч. Нереално е да размислуваме за тоа како ќе го стигнеме ривалот. Тешко е затоа што противникот има 15 победи во 16 меча, а тоа е неверојатна серија“, истакна Пеп.
„Треба да ја прифатиме вистината, тоа е нашето ниво во моментов. Во моментов не можеме да конкурираме со тимови како Ливерпул, Барселона, Реал Мадрид, Јунајтед и Јувентус.. Можеби треба да ја поминеме оваа фаза како клуб, за да се развиеме“, заклучи Гвардиола.