Дома Фудбал Лига на шампиони Гвардиола: ПСЖ со Меси е уште посилен, знаеме дека ќе страдаме

Гвардиола: ПСЖ со Меси е уште посилен, знаеме дека ќе страдаме

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изрази надеж Лео Меси да игра на утрешниот дуел со ПСЖ.

„Граѓаните“ утре му гостуваат на ПСЖ во рамките на второто коло од Лигата на шампиони.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Индивидуално гледано, нема што да говорам за Меси. Се што треба да каже, тој го кажува на теренот, нема потреба да се трошат зборови. Тоа што го направи во досегашната кариера е исклучително. Се надевам дека ќе игра утре против нас“, изјави Пеп.

„Тоа што се случи минатата сезона останува во минатата сезона. ПСЖ сега има фантастичен тим, уште подобар од лани и сега го имаат Меси. Знаеме дека ќе страдаме на теренот, ќе ги натераме да трчаат по нас додека ја имаме топката во своите нозе. Мора да бидеме тим, да бидеме компактни, да си помагаме еден на друг. Само така можеме да ги сопреме“, заклучи Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Светското клупско првенство е апсурдно, смета директорот на Ла Лига

Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, повторно ја нападна ФИФА поради Светското клупско …