Дома Фудбал Англија Гвардиола: Премиер лигата не е најтешка

Гвардиола: Премиер лигата не е најтешка

guardiola

Шпанскиот менаџер на клупата на Манчестер Сити, даде интересна изјава за медиумите, која веројатно нема да им се допадне на оние кои тврдат дека англиската Премиер лига е најтешката лига во Европа.

Имено, Гвардиола, смета дека тој во овој не работи во најтешката лига и дека Премиер лигата сеуште има простор за подоброување. Да потсетиме, слична изјава имаше и менаџерот на Челзи, Антонио Конте.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Гвардиола во овој момент ја одработува својата втора сезона на клупата на „граѓаните“.

Шпанецот со Манчестер Сити во новата сезона од Премиер лигата после три кола има учинок од две победи и едно реми против тимот на Евертон.

„Знам дека сакате тоа да го слушнете, дека е најтешката лига. Најгледана е“, вели Гвардиола.

„Се разбира дека Премиер лигата е тешка, многу тешка. Но, не мислете дека на Бернабеу, Камп Ноу, Билбао, Севиља е лесно. Бидејќи последнава декада шпанските тимови доминираат во Европа. Премиер лигата ќе биде тешка, кога англиските клубови ќе влезат во последната рунда во Лигата на шампиони. Тогаш ќе кажеме ’Ова е најтешката лига’. Треба да се направи тој чекор“, дециден е Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…