Џадон Санчо е еден од најбараните играчи во Европа и за него се шпекулираше дека може да се врати во Манчестер Сити.
Санчо од Сити премина во Борусија Дортмунд бидејќи во англискиот тим немаше премногу простор за игра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Се очекуваше Гвардиола да го врати во Сити, но Шпанецот кратко објасни зошто тоа нема да се случи.
„Кога одлучи да оди во Дортмунд знаеше дека не може лесно да се врати. Тоа не би имало смисла. Не сакаше да биде тука и затоа нема да се врати“, јасен беше Гвардиола.
Останува да видиме каде својата кариера ќе ја продолжи Санчо, а не е невозможно да остане и уште една сезона во Борусија.