Шпанскиот стратег, Пеп Гвардиола уште еднаш го изрази незадоволството поради густиот распоред во европскиот фудбал.
Гвардиола ситуацијата во фудбалот во Европа ја спореди со НБА лигата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Кога зборувам на оваа тема често пати ја користам НБА лигата како пример. Тие играат 80 натпревари во неколку месеци и потоа имаат одмор од три месеци. Ако не играш финале, можеше целосно да одмориш физички и психички, па максимално да се подготвиш за новата“, според Шпанецот.
Шпанскиот стратег смета дека само фудбалерите се тие кои можат да променат нешто и да ги натераат УЕФА и ФИФА на реакција.
„Јас сум само тренер и немам моќ да ги променам работите, а верувам дека единственото решение е фудбалерите да кажат: Стоп – време е за промени. Ми изгледа дека само на тој начин може да реагираат УЕФА и ФИФА“, изјави Гвардиола.