Дома Фудбал Англија Гвардиола не сака да игра во понеделник објасни и зошто

Гвардиола не сака да игра во понеделник објасни и зошто

guardiola

Манчестер Сити вечерва на „Британија“ стадионот му гостува на Стоук, а Пеп Гвардиола не крие дека понеделник не е негов омилен ден.

Пред гостувањето на Стоук, Гвардиола изјави дека не сака да игра во понеделник, бидејќи како што кажа тој луѓето немаат страст за фудбалот.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Не сакам кога играме во понеделник бидејќи луѓето се засистени од фудбалот во текот на викендите. Кога викендот ќе заврши повеќе никој го нема истото чуство. Имам лоши искуства од натпреварите кога моите тимови играа во понеделник“, изјави Гвардиола, а потоа го прокоментира денешниот противник.

„Мораме да останеме фокусирани бидејќи Стоук е комплициран тим“.

Стоук пет натпревари е без победа и се наоѓа во опасната зона, додека Сити е на чекор од нова титула и сега има 13 бодови предност во однос на градскиот ривал Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Артета откри шокантен податок: Дали знаете колку долго Арсенал чекаше на гол од слободен удар?

Фудбалерите на Арсенал синоќа постигнаа една од најголемите победи во Лигата на шампионите…