Дома Фудбал Англија Гвардиола не е Гвардиола ако не „измислува“ позиции – од стопер направи последен играч за врска!

Гвардиола не е Гвардиола ако не „измислува“ позиции – од стопер направи последен играч за врска!

guardiola

Навивачите не се надеваа на нешто вакво.

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола ја разбуди фантазијата кај навивачите на овој кој клуб со изјавата дека спрема нешто специјално, но изгледа тоа нешто специјално не е ново засилување.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Изгледа Шпанецот пронајде решение за позицијата последен играч за врска и тоа е – Џон Стоунс!

Во овој момент на таа позиција нема многу достапни играчи, Пеп се откажа од Фред кој заврши во редовите на градскиот ривал и се посвети на ангажман на Жоржињо кој на крајот заврши во Челзи, останатите играчи и не беа баш реални мети.

Џон Стоунс последните 15 минути од натпреварот во Комјунити Шилд ги одигра на позицијата последен играч за врска. Од моментот кога во игра влезе Винсент Компани, Стоунс се префрли во средниот ред и одигра сосема добро.

Покажа голема сигурност кога топката беше во неговите нозе, беше толку смирен што и на своите соиграчи со гестикулации им покажуваше каде да се позиционираат.

Гвардиола не би бил Гвардиола ако не измсли некоја нова позиција на некој играч, а изгледа дека во Сити тоа ќе биде Стоунс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Спектакуларно: Асистанција на Хименез за ТВ шпици – со пета ја измами одбраната на Манчестер Сити! 🎥

Резултатот на натпреварот помеѓу Фулам и Манчестер Сити на полувремето е 1:1 , а Фулам прв…