Дома Фудбал Лига на шампиони Гвардиола: Лигата на шампиони е нашиот сон

Гвардиола: Лигата на шампиони е нашиот сон

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола пред утрешното финале не крие дека освојувањето на Лигата на шампиони е сон на сите во клубот.

„Дојдовме до ден кој треба да се слави. За навивачите на Манчестер Сити и Интер е ден да се биде среќен и да се слави да се биде тука. Тоа е најважното нешто. Ова е финалето. Лигата на шампионите е неверојатно натпреварување. Лигата на шампионите е нашиот сон“, изјави Гвардиола. 

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Ние сме фокусирани на тоа што треба да го направиме. Изгледав колку што можам повеќе натпревари на Интер за да ги запознаам колку што е можно подобро. Тоа што е најважно утре е да го дадеме најдоброто од себе. Тоа ќе ја направи разликата“, додаде Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Њукасл спремен да го пушти Исак во Ливерпул

Bританските медиуми во петокот објавија дека раководството на Њукасл очекува нова понуда о…