Дома Фудбал Лига на шампиони Гвардиола: Кажав дека натпреварот со Бриж ни е најважен и навистина беше така

Гвардиола: Кажав дека натпреварот со Бриж ни е најважен и навистина беше така

Maнчестер Сити вчера пред своите навивачи го победи Клуб Бриж со 4:1 во рамките од Лигата на шампионите.

„Граѓаните“ успеаа да дојдат до нова победа во Лигата на шампионите која за нив е и тоа како важна во борбата за првото место во групата А. Пред овој натпревар во центарот на вниманието се најде Пеп Гвардиола поради изјавата дека овој натпревар е поважен од дербито со Јунајтед за викендот.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


„Мислам дека мечот со Клуб Бриж е многу поважен од оној против Јунајтед. Тој ќе биде наша шанса да влеземе во нокаут фазата. Во Премиер лигата има уште многу натпревари, а во групата на ЛШ се шест. Нема многу простор за грешки“, гласеше изјавата на Гвардиола пред вчерашниот натпревар.

Поради тоа шпанскиот стратег се најде на мета на критики на англиските медиуми. На оваа тема Пеп зборуваше и после победата.

„Луѓето почнаа да ме критикуваат затоа што кажав дека денешниот натпревар за нас е поважен од дербито со Манчестер Јунајтед, тоа навистина беше така. Сега следи натпреварот со Јунајтед и ќе се фокусираме на него“, изјави Пеп.

Градското дерби на Манчестер е на програмата во сабота во 13:30 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

ВИДЕО Де Геа одбрани два пенали – Фиорентина го совлада Милан во дербито

Фудбалските фанови во Фиренца долго време ќе го прераскажуваат синоќешниот натпревар, посл…