Фудбалерите на Манчестер Сити викендов му гостуваат на Тотенхем, а Пеп Гвардиола на прес-конференцијата за медиумите пред овој натпревар зборуваше за Жоао Кансело.
Португалецот во последниот ден од преодниот рок премина во Баерн Минхен. Кансело во Минхен е на позајмица и германскиот гигант има опција да го откупи неговиот договор за 70 милиони евра.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Прво, сакам да му посакам се најдобро на Кансело во наредните четири месеци (во текот на позајмицата), кога во прашање е следната сезона, не знам што ќе се случи. Кансело беше неверојатно важен во освојување на двете наши последни титули.
Но, после Светското првенство имавме мини припреми и одлучивме да играме нешто поинаку. Ми се допадна она што го видов и одлучив повеќе минутажа да дадам на некои други играчи“, искрено зброуваше Пеп.
Таквата промена на Кансело не му се допаднала затоа што се најде во ситуација да биде на клупата.
„Неговиот карактер е таков да сака да игра. Тренираше секогаш вредно, во последните години беше меѓу играчите со најголема минутажа и не навикна да биде на клупа. Него му е потребно да игра за да биде среќен. Ние одлучивме да го пуштиме во Минхен, сака да игра на секој натпревар и се надевам дека ќе има таква можност во Баерн“, изјави шпанскиот стратег.
Пеп сепак потенцираше дека не дошло до никаков конфликт и дека Кансело е голем професионалец кој ја разбрал ситуацијата.