Дома Фудбал Англија Гвардиола: Заморот не уништи, мора да играат повредени играчи

Гвардиола: Заморот не уништи, мора да играат повредени играчи

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, истакна дека неговите играчи мора да играат со болка, со оглед на напорниот распоред.

Сити вчера неочекувано беше поразен од Борнмут, а Пеп тврди дека тое поради фактот што неговите фудбалери се преморени.


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


„Не можевме да се справиме со интензитетот што го наметна Борнмут, но тие имаа шест или седум дена за одмор, додека ние дури моравме се вративме од Лондон среде недела, што дополнително го скрати нашето време. Не успеавме да се справиме со нивните долги топки, а кога е така, треба да се браниш длабоко. Ние имавме свои шанси кои не ги искористивме“, изјави Гвардиола.

„Кајл Вокер нема завршено ниту еден целосен тренинг во последните 16 дена. Вложи огромен напор, но му недостигаат тренинзи. Истото важи и за Нејтан Аке. Мануел Аканџи исто така не играше на претходниот натпревар поради проблеми. Требаше да бидеме поконцентрирани и подобро позиционирани во одбраната. Знаевме дека Борнмут игра квалитетно во овој дел од сезоната“, дополни Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Нејмар повторно се повреди

Нејмар неодамна се врати на терените по едногодишна пауза, но повторно се повреди на вечер…