Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола е внимателен пред дуелот со Челзи, иако „сините“ се во многу лоша форма сезонава.
„Граѓаните“ се во серија од 11 последователни победи на сите натпреварувања, а Гвардиола смета дека дуелот со Челзи е еден од најтешките.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Тие се извонреден тим во секој поглед. Ова е еден од најтешките натпревари што ќе ги имаме до крајот на сезоната. Тие играат многу добро во последните неколку натпревари“, изјави Гвардиола.
Гвардиола го коментираше Кол Палмер, кој игра одлично во Челзи откако го напушти Сити.
„Дали ќе играше редовно за нас? Да. Не се сомневавме во неговите квалитети. Тој игра како ѕвезда. Го промени тимот за да игра повеќе. Беше само прашање на време кога ќе покаже за што е способен“, истакна Гвардиола.