Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, после поразот во дербито со Ливерпул, изјави дека е горд на неговиот тим, и не сакаше да го коментира судењето.
„Горд сум на мојот тим, ретко кој гостински тим игра вака офанзивно на овој стадион на кој се најтешки гостувањата. Почнавме одлично, храбро, но Ливерпул е европски шампион, од два шута даде два гола. Не беше лесно да се вратиме после негатива од два гола“, истакна Гвардиола
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Има уште седум месеци до крајот на сезоната, ќе се бориме до крај. Ако Ливерпул биде шампион, јас прв ќе им честитам. Ова беше одличен меч од Прмиер лигата во кој покажавме дека ние сме шампиони“, додаде Пеп, кој не сакаше да го коментира судењето.
„Не сакам да го коментирам првиот
гол. Прашајте го Мајк Рајли и луѓето од ВАР. После мечот јас не ги нападнав
судиите, само ги поздравив“, потенцираше каталонскиот стратег.