Дома Топ вести Гвардиола го сака дефанзивецот на Интер

Гвардиола го сака дефанзивецот на Интер

Манчестер Сити покажува сериозен интерес за дефанзивецот на Интер, Алесандро Бастони, пренесуваат италијанските медиуми.

Минатото лето Бастони беше на мета на неколку европски клубови, но Интер не сакаше да го продаде еден од најдобрите играчи во тимот.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Меѓутоа, сега ситуацијата е поинаква, бидејќи Бастони на лето влегува во последната година од договорот и двете страни се далеку од договор за продолжување на соработката.

Интер сака да избегне нов случај Скриниар, кој заминува како слободен агент, па доколку Бастони не стави потпис, „нероаѕурите“ сигирно ќе го продадат.

Бастони има само 23 години и „Граѓаните“ веруваат дека може да биде столб на одбраната долги години, па се спремни да понудат 50 милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…