Јирген Клоп како приоритет за Ливерпул го постави доведувањето на нов голман бидејќи не е задоволен од Симон Мињоле, а прв на листата желби е Џо Харт.
Англискиот репрезентативец и понатаму е во сопственост на Манчестер Сити, но оваа сезона е на позајмица во Торино бидејќи Гвардиола не веруваше во неговите квалитети.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Мињоле ја започна сезоната како прв голман во Ливерпул, потоа го замени Каријус, но Клоп не е задоволен од квалитетот на двајцата голмани и како приоритет го постави доведувањето на врвен голман.
Харт сака да се врати во Англија следната сезона, па Ливерпул би била одлична можност за него, со оглед на фактот дека за него нема место во Манчестер Сити.