Пеп Гвардиола за прв пат во својата тренерска кариера ќе заврши сезона без трофеј, што сигурно е големо разочарување за него и за „граѓаните“ кои имаа огромни очекувања од каталонскиот стратег.
Поради тоа Гвардиола спрема реновирање на тимот во летниот преоден рок и е спремен повторно да потроши огромна сума за нови фудбалери, медиумите тврдат дека на располагање ќе има 250 милиони фунти.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Прва желба на Пеп е младиот фудбалер на Андрлехт, Јури Тиелеманс кого го сака половина Европа.
Според пишувањата на англиските медиуми, на листата на желби се наоѓаат и Менди, Бертранд, Ван Дијк, Волкер и Санчез.