Минатата недела Си-Би-Ес напиша дека Саудиски Ал Наср сака да го доведе Матео Ковачиќ (30) и да му даде една од најголемите плати во историјата на фудбалот.
Според американските медиуми, Ковачиќ би заработувал нешто повеќе од еден милион евра неделно. Саудијците се надеваа дека ќе го доведат хрватскиот играч за врска во зимскиот преоден рок. За да успеат во ова, наводно побарале од Кристијано Роналдо да го убеди Ковачиќ за трансфер.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сепак, Манчестер Ивнинг Њуз сега тврди дека ништо нема да излезе од тоа. Медиумите од Манчестер пишуваат дека тренерот на Сити, Пеп Гвардиола е „подготвен да ги спречи плановите на Кристијано Роналдо да го привлече Матео Ковачиќ во Саудиска Арабија“.
Англиските новинари додаваат дека се дека позицијата на Ковачиќ е загрозена по враќањето на Илкај Гундоган (33) од Барселона бидејќи Ковачиќ дојде во Сити токму како замена за германскиот играч за врска.
Гвардиола не сака да го продаде Ковачиќ и планира да го блокира неговото заминување“
Ал Наср планираше да ја искористи таа ситуација и со помош на Роналдо да го привлече Ковачиќ со кој играше во Реал Мадрид. Да потсетиме, во Ал Наср настапува и Марсело Брозовиќ, до неодамна хрватскиот репрезентативец кој со години со Ковачиќ и Лука Модриќ го сочинуваа средниот ред на репрезентацијата.