Од она што стравуваа го потврди Пеп Гвардиола…
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола потврди дека Бенџамин Менди, ќе биде надвор од терените неколку месеци.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Најлошите прогнози беа потврдени, деталните прегледи покажаа дека Менди заработил повреда на лигаментите на коленото и дека можеби за него сезоната е завршена.
„Вестите не се добри. Менди ќе мора да паузира неколку месеци“, потврди Гвардиола.
Менди натпреварот против Кристал Палас го напушти во 18 минута, а се очекува него во наредниот период да го замени Данило.
Бразлиецот не се снаоѓа добро на таа позиција, но во овој момент веројатно тој е најдоброто решение.