Дома Фудбал Англија Гвардиола: Враќањето на Гундоган беше изненадување и за мене

Гвардиола: Враќањето на Гундоган беше изненадување и за мене

Илкај Гундоган после само една сезона помината во Барселона на големо изненадување се врати во Манчестер Сити.

Гундоган веќе е повикан за утрешниот меч против Испвич, а Гвардиола на пресот проговори за неговото враќање.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Ова беше големо изненадување и неочекувано за мене. Го познаваме премногу добро. Како јас лично, така и играчите и луѓето во клубот. Знаеме како играше за Барселона минатата сезона. Играшe на високо ниво, со континуитет и одигра многу минути”.

Добив порака од Чики Бегиристајн во која пишуваше дека Илкај сака да разговара со мене. Тој ми се јави и ме праша каква е ситуацијата и дали има шанса да се врати, ако го сакам. Веднаш реков „да“, во истиот момент“, откри Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Гвардиола: Немам конкретен план, но знам дека можеме да направиме пресврт

Менаџерот на Манчестер Сити Џосеп Гвардиола верува дека неговиот тим може да го надополни …