Дома Фудбал Англија Гвардиола веќе ги советувал луѓето во Манчестер Сити кој би бил идеален негов наследник

Гвардиола веќе ги советувал луѓето во Манчестер Сити кој би бил идеален негов наследник

Претходните денови во Англија се повеќе се шпекулира дека Пеп Гвардиола ќе го напушти Манчестер Сити на крајот од сезоната и дека веќе ја донел одлуката, а наводно тој веќе и го осветувал клубот кој треба да дојде на негово место.

Веќе неколку месеци сериозно се шпекулира за статусот на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити, со оглед на тоа што тој има договор со „граѓаните“ до крајот на сезоната и веќе одбил неколку понуди за продолжување на соработката.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


На крајот од минатата сезона тој изјави дека е многу поблиску до одлуката да го напушти клубот отколку да остане и се чини дека на крајот ова ќе биде исходот од оваа ситуација.

Англичаните пишуваат дека тој би можел да ја преземе репрезентацијата на таа земја бидејќи вчера и официјално бил контактиран од ФА. Тие го гледаат Гвардиола како совршен избор за селектор на Англија и сакаат да направат се што можат за да го убедат да го преземе кормилото.

И утрово англиската јавност зборува само за Гвардиола, а навивачите на Манчестер Сити се се посигурни дека Шпанецот ќе го напушти „Етихад“ на крајот од сезоната.

Угледниот Телеграф пишува дека Гвардиола разговарал и со играчите дали ќе си замине или ќе остане на клупата на Манчестер Сити, а во неколку наврати јасно им кажал во кого гледа идеална замена за тренерот доколку си замине од клубот.

Гвардиола е сигурен дека Роберто Де Зерби би бил идеалниот избор за нов тренер на Манчестер Сити кога ќе си замине од клубот. Шпанецот веќе во неколку наврати го пофали Италијанецот, а минатата сезона привлече внимание кога двајцата се сретнаа во тунелот, а тој покажа на Де Зерби и низ шега порача: „Тоа е новиот тренер на Манчестер Сити“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Валенсија се пофали со Столе: Ѕидот на Македонија📷

Maкедонскиот голман Столе Димитриевски не добива шанса во Валенсија, но во репрезентацијат…