Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола индиректно ја потврди веста за трансферот на Ерлинг Халанд.
Гвардиола денес на пресконференцијата се обиде да ја обиколи темата за Халанд и изјави дека двата клуба не му дозволуваат да зборува за Норвежанецот.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
Уште вчера сите релевантни медиуми ја потврдија веста дека е постигнат договор и дека Халанд веќе ги минал лекарските прегледи во Манчестер Сити.
„Сите знаеме каква е ситуацијата. Не треба да зборувам бидејќи не сакам да зборувам за иднината и за следната сезона. Борусија и Сити ме рекоа дека не ми е дозволено да зборувам додека не биде се официјализирано. Ќе има време да зборуваме“, изјави Гвардиола.
Pep Guardiola confirming Haaland without actually confirming Haaland 😂🤐 pic.twitter.com/GE0of1vxpd
— SPORTbible (@sportbible) May 10, 2022