Приоритет на Манчестер Сити во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач, а Гвардиола веќе направи список од пет врвни напаѓачи.
Англиските медиуми пренесуваат дека Серхио Агуеро нема да го продолжи договорот со Сити и на лето ќе си замина како слободен агент, а Гвардиола бара негов наследник.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Прва желба на „граѓаните“ е Лионел Меси, но тој засега нема решено каде ќе ја продолжи кариерата. Во овој момент Аргентинецот е поблиску до ПСЖ, па клубот разгледува алтернативи.
Покрај него, на листата со желби се уште и Ерлинг Халанд, Ромелу Лукаку, Лаутаро Мартинез и Дени Ингс и медиумите тврдат дека еден од нив сигурно на лето ќе пристигне на „Етихад“.