Дома Фудбал Италија ГАФ на векот од сопственикот на Интер: Навивам за Интер уште од триото Ван Бастен, Рајкард и Гулит

ГАФ на векот од сопственикот на Интер: Навивам за Интер уште од триото Ван Бастен, Рајкард и Гулит

Еве што се случува кога со фудбалските клубови раководат бизнисимени, а не љубители на најважната споредба работа во светот.

Еден од сопствениците на Интер, Ерик Тохир, човекот кој го купи клубот од Масимо Морати, а после неколку години поголемиот дел го препушти на кинескиот „Санинг“, баш и не знае да го избере моментот кога да молчи.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Од почетокот Тохир не беше омилен кај навивачите, односно од кога се дозна кога еден од неговите синови е деклариран фан на Јувентус, но наскоро стана јасно дека Тохир не го интересира многу фудбалот и дека е голем фан на кошарката.

Сепак, тој вложуваше, иако имаше многу промашување, а сега веројатно го доживеа и најголемиот блам.

„Навивам за Интер уште од времето кога за овој клуб играше холандското три, а подоцна и Роналдо“, изјави Тохир.

Секако, тројца холанѓани играа во Милано, но не Интер, туку ви Милан, тоа беше триото Ван Бастен, Гулит и Рајкард. Додека во Интер во тоа време играа тројца Германци, Матеус, Бреме и Клинсман.

Тохир потоа преку социјалните мрежи се правдеше дека мислел Германци, а не Холанѓани, но веќе беше предоцна…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…