Дома Фудбал Италија Гатузо пред отказ, Елмас добива нов тренер

Гатузо пред отказ, Елмас добива нов тренер

Наполи влезе во серија на лоши резултати, па позицијата на тренерот Џенаро Гатузо е сериозно разнишана.

Италијанските медиуми пренесуваат дека следната недела ќе биде клучна за иднината на Гатузо. Доколку биде елиминиран од Купот на Италија и загуби од Јувентус, Гатузо најверојатно ќе доби отказ.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Газета дело Спорт“ пренесува дека претседателот Де Лаурентис е многу лут на својот тренер, особено по разочарувачкиот пораз од Џенова.

Весникот тврди дека во моментов има двајца кандидати кои можат да го наследат се Рафа Бенитез и Валтер Мацари. Двајцата во минатото беа тренери на Наполи, а моментално се без ангажман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Навивач на Ливерпул доби забрана за влез на стадион!

Станува збор за 47-годишен жител на Ливерпул, кој беше отстранет од стадионот по прекинот …