Дома Фудбал Италија Гатузо за Кулибали: Како да го удри Мајк Тајсон, а не Ибрахимовиќ

Гатузо за Кулибали: Како да го удри Мајк Тајсон, а не Ибрахимовиќ

Наполи загуби со 1-3 од Милан, а херој на победата на „росонерите“ беше Златан Ибрахимовиќ, кој постигна два гола за неговата екипа.

Во второто полувреме Ибрахимовиќ ризикуваше да добие црвен картон, но за среќа ударот со лакт кон Калид Кулибали мина неказнето.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Спорната ситуација по мечот ја коментираше и Џенаро Гатузо, кој кажа дека според снимката стоперот изгледал како да го удри Мајк Тајсон, а не Ибрахимовиќ.

„Нема да зборувам повеќе за тоа. На телевизија се гледа ударот со лакт, како да удира Мајк Тајсон, се гледа по изразот на лицето… Не мора да мислиме за тоа, треба да мислиме на тоа што мора да го правиме во иднина“, кажа Гатузо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ја наследи капитенска лента во Тотенхем и доби нов договор

Аргентинскиот дефанзивец Кристијан Ромеро го продолжи договорот со Тотенхем до 2029 година…